Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарците бараат смена на премиерот Орбан зашто се приближува кон Русија

Унгарците бараат смена на премиерот Орбан зашто се приближува кон Русија
Унгарците вчера, во пресрет на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел, во Будимпешта протестираа за да ја потсетат владата на Виктор Орбан на обврските кон западните сојузници. Неколкуте илјади демонстранти се собраа пред зградата на унгарскиот Парламент, како реакција на приближувањето на Фидес, партијата на десниот центар на Орбан, кон Русија, и тоа во момент кога во Украина беснее жесток судир. Демонстрантите носеа транспаренти со пораки Унгарија да се држи што подалеку од руската сфера на влијанија. Тие бараат и заминување на Орбан зашто ги загрозил демократските слободи, толерира корупција и е во дипломатски судир со Западот,пренесува Хина. „Не ни се допаѓа управуваната демократија каква што развива Путин во Русија. А во таа насока се движи и владата на Орбан“, вели демонстрант. За две недели Будимпешта треба да ја посети и рускиот претседател Владимир Путин.
Слично

Поврзани вести