Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарските пензии, детските додатоци и даночни олеснувања зависат од влезот на мигрантите

Унгарските пензии, детските додатоци и даночни олеснувања зависат од влезот на мигрантите

Според изјавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан  не се знае што ќе се случи со пензиите во Унгарија.  Премиерот Орбан изјави дека „не може да вети“ дека Унгарија ќе има пари за зголемување на пензиите, детските додатоци или даночни олеснувања за семејствата со деца, „ако земјата биде приморана да прими мигранти со трошоци од девет милиони форинти (28.900 евра) по мигрант годишно“.

Тој во видео прилог, објавен на својата официјална страница на Фејсбук, додаде дека, Унгарија мора да ги заштити сопствените достигнувања и мора да остане унгарска.

Претставувајќи ги кандидатите на неговата партија Фидес во еден град во источниот дел на Унгарија, Орбан рече дека „постојат два вида земји во Европа: оние кои веќе ги запоседнале или ќе ги запоседнат мигранти и оние кои нема да ја дозволат таа инвазија“.
Според него  Унгарија припаѓа на втората група.


Слично

Поврзани вести