Унгарски MOL ќе го продава уделот во INA?
Унгарската нафтена компанија MOL сака да го продаде својот удел во INА, доколку, како што изјави за австриската новинска агенција АПА високопозициониран службеник во MOL, не успеат да ја поттикнат хрватската страна на соработка, пренесува Бизнис.хр.
„Ако и после тоа се спречуваат одлуките, на пример за големи инвестиции, MOL планира да го продаде својот удел од 49% во INA” - вели службеникот кој сакал да остане анонимен.
Хрватска во INA има 44% државни удели. Иако MOL нема мнозински дел во оваа компанија, според договорот од 2009 година има контрола над INA. Хрватската влада има намера да го измени акционерскиот договор со MOL и за тоа да формира преговарачки тим на политичари и експерти, стои во текстот на агенцијата.
Слично
