Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарската репортерка го тужи бегалецот што го удираше, но и „Фејсбук”

Унгарската репортерка го тужи бегалецот што го удираше, но и „Фејсбук”

Унгарската снимателка Петра Ласло, која претходниот месец предизвика гнев кај светската јавност откако се појави видеото на кое шутира и удира бегалец, планира да поднесе тужби.

Во итервју за руски медиум „Известија” таа најави дека ќе го тужи бегалецот кој го удираше, но и  социјалната мрежа „Фејсвбук”

Таа планира да го тужи Осаму Абдула Мохсена, 52 годишниот бегалец од Сирија кој падна на земја со детето во рака, откако репортерката го сопна и продолжи да го удира.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/25a5RRh6nXs[/embed]

Таа ќе го тужи Осаму, бидејќи како што вели била „честа во прашање”, оти Сириецот ја сменил изјавата во полиција и довел до негативни реакции против неа.

„Тој ја измени изјавата од онаа што претходно ја даде. Мојот сопруг сака да ја докаже мојата невиност” – вели репортерката Ласло.

Таа планира да го тужи и „Фејсбук” , бидејќи социјалната мрежа не ги избришала сите негативни и заканувачки коментари против неа. Таа тврди дека наместо тоа, „Фејсбук” ги забранил групите кои биле направени за нејзина поддршка.

Репортерката Ласло, по индидентот со бегалецот, доби отказ од националистичката онлајн телевизија H1ТВ, која нејзиното однесување го оцени како неприфатливо.

Слично

Поврзани вести