Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарската државна телевизија се извини дека долги години лажела

Унгарската државна телевизија се извини дека долги години лажела

Унгарската државна телевизија привремено ја суспендира информативната програма и се извинува што долго време лажела. 

Унгарската државна телевизија денеска соопшти дека нема да емитува информативна програма сè додека владата не ги реорганизира јавните медиуми како „независни и веродостојни“.

Главната програма на државната телевизија М1 објави порака на црниот екран: Јавните медиуми не смеат да лажат. Сепак, се извинуваме што тоа го правевме долги години“.

Локалните медиуми објавија дека неколку уредници на државната телевизија и радио добиле откази.

Овие потези се во согласност со предизборното ветување на премиерот Петер Маѓар за реорганизација на државните медиуми и запирање на „пропагандата“ на неговиот претходник Виктор Орбан.

Маѓар истакна дека главниот телевизиски канал М1 ќе продолжи да емитува програма со филмска програма, но без вести.

Слично

Поврзани вести