Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарија започнува да го гради Јужен поток во 2015 година

Унгарија започнува да го гради Јужен поток во 2015 година
Трасата на гасоводот Јужен поток низ територијата на Унгарија ќе биде дефинитивно готова во првиот квартал на 2014 година. До тогаш компанијата South Stream Hungary Zrt ќе го заврши развојот на техничките раздели на проектната документација , соопшти денеска прес-службата на Гаспром . Вчера шефот на холдингот Алексеј Милер и унгарскиот премиер Виктор Орбан потврдија дека изградбата на унгарскиот дел од цевката ќе почне во април 2015 година и првите испораки на природен гас за Унгарија се предвидуваат за почетокот на 2017 година. Двете страни истакнаа дека спроведувањето на проектот оди во согласност со распоредот . Изградбата веќе оди во Русија , Бугарија и Србија. "Алексеј Милер и Виктор Орбан ја истакнаа важноста на гасоводот за развојот на гаснопреносната инфраструктура и економијата на Унгарија , а исто така - за обезбедување на енергетската сигурност на европските земји " , се вели во коминикето на Гаспром .
Слично

Поврзани вести