Унгарија со нов план за штедење
Владата на Унгарија најави нов план за заштеда на 800 милиони евра, кој треба да биде прифатен до крајот на овој месец. Ваквите мерки се европски притисок за намалување на преголемиот дефицит.
„Владата ќе замрзне буџетски расходи од 92,9 милијарди форинти (310 милиони евра) кои се 0,3 отсто БДП со цел излез од оваа процедура“, изјави унгарскиот министер за економија Михаљ Варга не изнесувајќи детали.Според Варга, дополнителни заштеди од 500 милиони евра може да бидат остварени во 2014-та, доколку ЕК тоа го побара.
Според услови од Мастрихтскиот договор за ЕУ, државите –членки мора да имаат дефицит кој не преминува граница од три отсто БДП и мора да работат на буџетска рамнотежа. Според прогнозите, Унгарија годинава ќе има дефицит од три отсто, но во 2014 година од 3,3 отсто од БДП.
Слично
