УНГАРИЈА: Под притисок на јавноста, Орбан попушти – нема данок на интернетот!
Унгарскиот премиер Виктор Орбан се откажа од плановите да воведе данок на користењето интернет по протестите на илјадници граѓани во целата земја.
Протестите оневозможија воведување на данокот, рече Орбан за државното радио на Унгарија, наведувајќи дека од јануари ќе спроведе национални консултации за ова прашање.
„Данокот на интернет не може да се воведе во сегашниот облик... Ништо не може да се воведе во овие околности“, вели тој.
Кон зервативната Влада на Орбан сакаше да воведе данок на преземањето на податоци од интернет во висина од 150 форинти (околу 35 денари) за гигабајт. Европската комисија остро го критикуваше предлогот, а неговите противници сметаат дека со законот се ограничуваат основните слободи.
Планот за воведување на данокот на интернет предизвика најголеми протести против Владата на Орбан откако тој се врати на власт во 2010 година. Премиерот најави национални консултации и дебати за ова прашање, додавајќи дека консултациите долго ќе траат.
Демонстрантите за вечерва најавија прослава за ваквата одлука.
Слично
