Унгарија: Откриени уште 209 илегални имигранти најмногу од Косово
Унгарската полиција открила нови 209 имигранти кои илегално ја преминале границата, што е најмала бројка во последните месец дена.
Како што соопштуваат од унгарската полиција во последните 24 часа при нелегално преминување на границата се уапсени 22 лица помалку од минатиот ден.
Во текот на минатиот ден на оваа подрачје уапсени се 134 лица во обид за нелегално преминување на границата, 31 лице помалку од предходниот ден, а повеќето од нив се од Косово и Метохија, 38 лица што е за шетс луѓе повеќе во однос на 18 февруари.
На подрачјето од другата граница кај Жупање од Србија, покрената е постапка против 26 илегални имигранти од Косово и Метохија и уште 23 кои нелегално ја преминале границата и се фатени во минатите 48 саати. Меѓу нив има и седум деца.
Како што се наведува, сите побарале азил и се предадени на надлежната служба за миграција.
Инаку унгарските власти за спроведување на законот во спречувањето на илегална миграција од вчера ќе им помогне и на полициски службеници од Австрија и Германија, кои се одговорни за контрола на железничките станици, каде што мигрантите се обидуваат со меѓународните возови да се движат во Западна Европа.
Покрај тоа, унгарската полиција во последните неколку дена постојано го спречува обидот за транспорт на илегални имигранти во Западна Европа на патиштата во својата земја.
