Унгарија нареди евакуација на 2.000 луѓе
Владата на Унгарија нареди евакуација поради претпазливост на околу 2.000 жители во Ѓерујфал на северозападот на земјата поради закана од излевање на Дунав, изјави синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој предупреди дека Унгарија ќе се соочи со најголемиот бран поплави во својата историја и оти народот треба да се подготви за најлошото.
- За жал, водостојот на Дунав измерен на границата веќе го надмина максималното ниво на сите времиња, рече Орбан.
Дунав утрово достигна 8,79 метри во блискиот град Нагибајч, што е за четири сантиметри над претходниот рекорден водостој.
Слично
