Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарија му забрани влез во шенген на шефот на украинските сили за дронови Роберт Бровди-Маѓар

Унгарија му забрани влез во шенген на шефот на украинските сили за дронови Роберт Бровди-Маѓар

Унгарската влада му изрече тригодишна забрана за влез во шенген-зоната на шефот на украинските сили за дронови, Роберт Бровди по нападот врз руски нафтовод кон Унгарија, што предизвика бес кај украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе ДПА.

„Неодамнешниот тежок воздушен напад врз нафтоводот Дружба беше напад врз суверенитетот на Унгарија“, рече унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во изјава објавена од државната новинска агенција МТИ.

Украинската војска соопшти дека пред една и пол недела ја нападнала пумпната станица Николское во рускиот регион Тамбов, предизвикувајќи значителна штета на објектот.

За разлика од другите земји на ЕУ, Унгарија и Словачка не ја прекинаа својата зависност од Русија за увоз на нафта и гас и сè уште добиваат нафта преку нафтоводот Дружба.

Санкциите наметнати од Европската унија против Москва не се однесуваат на природниот гас или нафтата што се транспортираат преку нафтоводи.

„Украина е свесна дека нафтоводот Дружба е незаменлив за енергетската безбедност на Унгарија“, рече Сијарто, додавајќи дека последниот напад бил толку сериозен што Унгарија речиси морала да прибегне кон своите стратешки резерви за време на долгите поправки.

Унгарски извори соопштија дека снабдувањето преку нафтоводот било обновено дури денеска.

Бровди беше назначен за командант на украинските сили за дронови на почетокот на јуни. Офицерот потекнува од унгарското малцинство во Украина и го избра военото име „Маѓар“ (Унгарец).

foto Wikipedia/Птахи Мадяра 414ОБ 

Слично

Поврзани вести