Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарија ќе воведе данок на луксуз од 30 до 35 %

Унгарија ќе воведе данок на луксуз од 30 до 35 %
Унгарската влада планира од идната година да воведе данок на луксуз од 30 до 35 %, информира денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за националното радио. Како што најави Орбан, министерот за економија, Михал Варга, ќе изработи план за воведување на данок на луксуз во согласност со даночните мерки за идната година. Унгарскиот премиер посочи и дека, мерката со која владата планира да им помогне на кредитобарателите со хипотекарни кредити вбо странски валути, нема да го сруши финансискиот состав на земјата. Инвеститорите во Унгарија се погодени од агресивната про-потрошувачка политика на Орбан, која трае речиси четири години и која ги чинеше големи пари, а сега се подготвуваат за нови удари, откако унгарската влада најави дека подготвува дополнителна помош за давателите на заем.  
Слично

Поврзани вести