Унгарија ги губи странските банки
„Banco Popolare“ четвртата најголема италијанска банка, денес соопшти дека потигнала договор за продажба на својата унгарска филијала за пола милион евра.
Италијанската компанија jа создаде својата унгарска филијала во 2007 година, а тој пазар го напушта како прва италијанска банка. „Banco Popolare“ во соопштението наведе дека продажбата на нејзината унгарска филијала нема да влијае на нејзините финансиски резултати.
Италијанска комерцијална банка пак „Intesa Sanpaolo“ минатиот месец најави дека ќе го намали своето присуство во Унгарија, бидејќи загубите на тој пазар во последниот квартал од минатата година започнале да го надминуваат дозволеното. „Intesa Sanpaolo“ ситуацијата во Унгарија ја нарече „ноќна мора“ за банкарството.
Според унгарскиот премиер Виктор Орбан земјата има премногу странски банки. Владата, како што најави тој ќе изгради систем на државно банкарство со цел да ја подобри достапноста на кредити. Основа на тој систем би требало да биде мрежата од штедилници, чиј сопственик стана унгарската држава, која минатата година откупи дел од банката „Takarekbank“.
Слично
