Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарија подготвува тригодишна забрана за бегалци

Унгарија подготвува тригодишна забрана за бегалци

Унгарија ќе воведе законска забрана за земање на бегалци од други европски држави, ако нејзините граѓани гласаат за тоа на референдумот на 2 октомври.

Ограничувањата ќе се барем за 3-годишен период, соопшти државниот секретар на Министерството за правда, Пал Волтер.

Главниот советник за безбедност на премиерот Виктор Орбан, Ѓорѓи Баконди изјави дека дека не солидарноста, туку безбедноста е од примарна важност.

Според Баконди не е исклучено во есен европската позиција да претрпи промени, бидејќи многу земји веќе вложуваат дополнителни напори за зајакнување на контролата на своите граници.

На иницијатива на премиерот Виктор Орбан на 2 октомври Унгарците ќе бидат повикани да одговорат со "да" или "не" на прашањето „Дали се согласувате да дадете мандат на Европската унија да прераспределува неунгарски граѓани во Унгарија, без согласност на унгарскиот парламент?“.

Според Пал Волнер гласање со "да" на референдумот ќе значи да се овозможи на Брисел во секое време да внесува секого во Унгарија. Негативното гласање ќе овозможи на унгарските власти да дозволат влез на странците според локалните прописи.

Минатата година ЕУ одлучи да прераспредели 160 000 лица кои имаат право на законска заштита како бегалци од Грција и Италија во останатите земји членки.

Слично

Поврзани вести