Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарци кои не биле во странство се заразиле со индискиот сој

Унгарци кои не биле во странство се заразиле со индискиот сој

Двајца заразени со индискиот сој се откриени во Унгарија. 

„Индиската варијанта е присутна во Унгарија и според експертите не можеме да ја исклучиме можноста за нов бран на пандемија“, изјави Иштван Ѓорѓи, заменик-министерот за здравство и шеф на владиниот тим за програма за вакцинација.

Директорката на Унгарскиот институт за јавно здравје, Сесилија Мулер, кажа дека двајцата пациенти веќе оздравеле. Епидемиолозите не знаат како се заразиле, затоа што луѓето не биле во странство. 

Унгарија е земја со пропорционално најмногу смртни случаи во светот.

Над 30 отсто од граѓаните во Унгарија веќе примиле две дози. 

Слично

Поврзани вести