Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарци ќе лансираат нов авиопревозник во Август

Унгарци ќе лансираат нов авиопревозник во Август

Три унгарски бизнисмени поддржани од инвеститори од Блискиот Исток планираат да лансираат во Будимпешта нова целосна услуга во авионскиот превозот за да го пополнат  пазарниот јаз, оставен од падот на авиопревозникот „Malev“ минатата година.

„Solyom (Falcon) Hungarian Airways“ очекува да работат со шест авиони до крајот на септември и да ја зголемат својата флота до 25 авиони до крајот на 2014 година и до 50 до крајот на 2017 година, вклучувајќи ги и 10-те големи авиони способни за летање на долги дестинации.

Главниот извршен директор на „Solyom (Falcon) Hungarian Airways“, Јожеф Ваго не откри други детали за рутите, но предвидува брза експанзија во Блискиот Исток, Северна Африка и екс-советските држави.

Буџетските авиокомпании вклучувајќи ги „Wizz Air“ и „Ryanair“ земаа некои од дестинациите на „Malev“ од Будимпешта, додека други дестинации останаа без превозник.

Воздухопловниот експерт Питер Морис од Лондон, изјави дека на новиот превозник ќе му биде тешко да ги реализира своите планови против веќе постоечките конкуренти во двете области, како што се целосната услуга и буџетските сегменти.

"Треба да бидат подготвени да изгубат пари, пред да се изгради факторот на сериозен авио превозник, особено со бизнис клиенти", рече тој. "Никој не сака да резервира билет во една авиокомпанија се додека не е сигурен дека ќе биде таму и следната година."

Ваго, изјави дека „Solyom“ беше фокусирана на пополнување на празнината што ја остави „Malev“.

"Ниско-буџетните авиокомпании никогаш нема да бидат во можност да го сторат тоа", изјави тој за „ Reuters“.

Ваго рече дека индустриски инвеститор од Оман и финансиски инвеститор од Обединетите Арапски Емирати се посветени на финансирање на „Solyom“. Тој одби да ги именува.

„Korean Air“ купи 44 отсто од акциите во „Czech Airlines“ претходно оваа година, додека „Wizz Air“ ги има преземено чекорите кон иницијална јавна понуда во Лондон.

Полската влада, исто така, се обиде да го продаде мнозинскиот пакет акции во национална авиокомпанија „LOT“. Исто така „UAE's Etihad Airways“ размислуваат да имаат удел и во српскиот авиопревозник „ЈАТ“.

Воздухопловниот експерт Морис вели дека летовите надвор од Европа на слободното небо носат дополнителни ризици како црвена лента која може да ја забави глобалната експанзија.

"Единствената позитивна работа за „Solyom“ е колапсот на „Malev“ ", рече Морис. "Постои малку вакуум на пазарот. Но, другите го исполнија најголемиот дел од таа празнина, па дури и тоа е голем предизвик.

Ваго рече дека бизнис планот на авиокомпанијата ќе ја направи профитабилна речиси од самиот старт, но тој не додаде детали.

Слично

Поврзани вести