Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНЕСКО доби нова директорка

УНЕСКО доби нова директорка

Извршниот комитет на УНЕСКО ја избра Одри Азуле за нова генерална директорка на оваа агенција на Обединетите нации, пренесе Ројтерс.

Азуле доби повеќе гласови од претставникот на Катар Хамад бин Абдулазиз ал Кавари.

Таа го порази Кавари со 30-28 во завршното гласање, затоа што денес на меѓугласањето доби повеќе гласови од Египќанката Мушира Kатаб.

Арапските држави силно лобираа кандидатот на арапската земја да биде избран за нов генерален директор на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО).

Изборот на Одри Азуле мора да биде потврден од Генералното собрание на УНЕСКО следниот месец на 10-ти ноември, но ова се смета за формалност.

Азуле ќе биде второ лице од Франција да го води УНЕСКО откако Рене Мајо беше генерален директор од 1961 до 1974 година.

Слично

Поврзани вести