Ултра националисти тренираат млади Руси за борба со НАТО
Младинската Евроазиска Унија од Русија спроведува неофицијална воена обука на млади луѓе од Москва со цел да ги подготви за борба со НАТО кој се поопасно се приближува до границите на Руската Федерација.

„Војна со Украина е неизбежна, но досега не сме ја завршиле ни половина од задачата. Постигнавме унија со Крим, но мора да помогнеме и во ослободувањето на Новорусија“, оценува ултра националистот Александар Дугин.

Обуката се врши со вистинско оружје во шумскиот предел на Москва, а од овие млади луѓе се бараат нови доброволци и регрути кои би се бореле во Источна Украина и сите сепаратистички региони.
Слично
