Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ултиматумот истече, Киев праќа војска во источна Украина

Ултиматумот истече, Киев праќа војска во источна Украина
Иако утрово истече ултиматумот што украинските власти им го дадоа на проруските демонстранти, сепак голем дел од управните и полициските згради во источните украински градови и натаму остануваат во рацете на сепаратистите кои бараат приклучување кон Русија. Според украинските медиуми, ситуацијата во источните делови е крајно напната, а  властите во Киев испратиле 350 војници во овој регион. Руските медиуми јавуваат дека во секој момент се очекува и воена интервенција на украинските власти во овој дел од земјата, што предизвика и итна реакција на официјална Москва. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на пресконференција предупреди дека „која било сила што ќе го охрабри Киев да користи сила против демонстрантите, ќе мора да преземе одговорност за своите постапки“. Повеќе успех не донесе ниту итниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации посветен на ситуацијата во источна Украина, на кој големите сили не успеаја да ги усогласат своите ставови. САД сметаат дека одговорноста за судирите во источна Украина ја сноси Русија. Западните земји ја обвинија Русија и за големиот арсенал на оружје и војска што го држи во непосредна близина на границата со Украина.
Слично

Поврзани вести