Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЛТИМАТУМ: Киев до Москва – „Или за три часа ослободете ги заложниците, или…!“

УЛТИМАТУМ: Киев до Москва – „Или за три часа ослободете ги заложниците, или…!“
Часовникот во украинско-рускиот конфликт на Крим одбројува. Украинските власти им дадоа рок од три часа на руските војници на Крим да ги ослободат воените и цивилните заложници што ги држат на полуостровот, или во спротивно Киев ќе биде принуден да преземе „соодветни чекори од техничка и технолошка природа“. Предупредувањето го испрати вршителот на должност украински претседател Олександр Турчинов, откако руските сили на Крим го заробија адмиралот на украинската морнарица Сергеј Гајдук, како и повеќемина други воени и цивилни претставници. Властите на Крим денеска ги затворија вратите за официјален Киев и не дозволија полуостровот да го посетат првиот украински вицепремиер Виталиј Јарем и министерот за одбрана Игор Тенјух. Чекорите се радикализираат и на дипломатски план. Украинското Министерство за надворешни работи предложи Украина веднаш да воведе визи за руските граѓани, а како одговор на ова, слична мерка за украинските граѓани најавува и официјална Москва. Паралелно со ова, руските воено воздухопловни сили започнаа масовни вежби во северозападниот дел на земјата, во близина на границата со балтичките земји, кои се исклучително претпазливи заради тензиите меѓу Москва и Киев. Според информациите на руските медиуми, дури 40 воени авиони МИГ и Сухој се вклучени во воените вежби, практично во близина на границата со земји-членки на НАТО.
Слично

Поврзани вести