Уљукајевќ: Русија влезе во период не економска стагнација, но не е во рецесија
Поради високото ниво на социјална потрошувачка и структуралните проблеми, Русија влезе во период не економска стагнација, но не е во рецесија, рече рускиот министер за економски развој Алексеј Уљукајевќ.
„Нема рецесија и нема да има“, рече министерот Алексеј Уљукајев во интервју за весникот „Комерсант“ и додаде дека веројатно одговара терминот стагнација, бидејќи растот е многу мал.
Бруто домашниот производ на Русија порасна за 1,2 отсто во второто тримесечје оваа година во однос на истиот период лани, по растот од 1,6 отсто во првото тримесечие, покажаа прелиминарните податоци, кои во петокот ги објави Сојузниот институт за статистика
Причините за проблемите со кои се соочува руската економија се институционалните, структуралните и макроекономските фактори, но и високото ниво на социјална потрошувачка.
