УКРАЛ PORSCHE 911TURBO ОД МУЗЕЈ И ГО РЕГИСТРИРАЛ СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ: Автомобилот од 1977 вреди 250.000 долари
Кога станува збор за невообичаени кражби, неодамнешниот
инцидент во музејот на класични автомобили во Сарасота, САД дефинитивно се издвојува. Американец
по име Даниел Бојс ја искористил приликата да добие редок автомобил - Порше 911 Турбо, претходно познат како 930 Турбо од 1977 година, преместувајќи дури
седум други автомобили за да дојде до посакуваниот модел.
Она што оваа кражба ја направи уште понеобична е фактот што вработените во музејот некако ненамерно му ја олесниле работата на крадецот оставајќи ги клучевите во автомобилот.
Полицијата пристигнала во музејот истата вечер по алармот, но не видела ништо необично. Меѓутоа, следел втор повик и тогаш полицајците пронашле траги на пробивање на вратата и забележале дека недостасува еден автомобил, пишува carrbuzz.
Неколку дена подоцна, музејот добил дојава дека Бојс бил забележан во Порше во магацин. Истрагата открила дека 36-годишниот маж го регистрирал кафеното Порше на Тритон Инженеринг користејќи го бројот на шасијата на уште еден 911 кој бил уништен пред 23 години и продаден за отпад во Калифорнија.
Продажната сметка, документот за регистрација во Мејн, писмото за верификација на километражата и другите документи користени за регистрирање на Поршето, беа откриени дека се лажни и декаБојс е вклучен во измамата. Тој бил уапсен откако не се појавил по обвинението за кражба, а кога полицијата добила налог за проверка на неговиот мобилен телефон, била откриена фотографија од украдениот автомобил, заедно со бројот на складиштето.
Бојс моментално е во затвор додека полицијата истражува.
