Украл над 200 000 долари во монети од 25 центи!
58-годишен маж кој работел повеќе од три децении како механичар за расипаните автомати на паркинг во Бафало е осуден на 2,5 години затвор, пишува AP.
Според обвинителите, обвинетиот Џејмс Багарозо поминувал половина од работното време во кражби на монети од 70-тината паркомати кои ги одржувал. Вкупната вредност на украденото од Багарозо е еквивалентно на 210 000 долари сите во монети од најмалку од 25 центи кои тежеле околу 4800 кг.
Работникот ги разменувал собраните монети во банка, а пред судот открил дека со парите ја исплаќал хипотеката, а исто така ја испратил и својата ќерка во колеџ.
Но, факт е дека Џејмс Багарозо бил зависник и од коцкање. Поранешниот колега на Џејмс, Лоренс Чарлс пак кои е обвинет како соучесник се очекува да добие меѓу 6 и 12 месеци во затвор, бидејќи украденото од него се проценува на околу 15 000 долари.
Слично
