Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украл 200.000 долари и скокнал од авион по што му се губи трагата

Украл 200.000 долари и скокнал од авион по што му се губи трагата

Човекот именуван како Д.Б. Купер кој се заканил дека поседува бомба, и го киднапираше авионот кој леташе од Портланд до Сиетел на 24 ноември 1971 година, откако во Сиетел ги ослободи патниците и екипажот, им наредил на пилотите да полетаат за Мексико, а потоа скокнал со падобран од задната врата со 200.000 долари близу терен со шуми кај Вашингтон.

Никогаш повеќе не е виден и тоа денес е едно од најмистериозните бегства во американската историја. 

Повремено се појавувале некои нови теории кои би можеле да го откријат мистериозниот Д.Б. Купер, а неодамна Карл Лорин од Мичиген се обрати во јавноста велејќи дека тој познат крадец бил неговиот најдобар пријател.

„Тој беше Волтер Река, мојот најдобар пријател и познат ветеран од Мичиген кој знаеше да лета со падобран"- кажал Лорин.

Тој дури повикал и конференција за медиумите во Гранд Репсид кога ги објави снимките од разговорите кои ги водел со Река во изминатите 8 години во кои наводно се откриваат детали од кражбата и киднапирањето на авионот во 1971 година.

Роднината на Река, Лиса Стори раскажува дека нејзиниот вујко често бил на другата страна на законот и поради тоа имал проблем да најде работа.

Лорин во меѓувреме напиша и книга "Д.Б Купер и јас: Криминалец, шпиун и мој најдобар пријател". Исто така вели дека има документација која покажува како се потрошени тие 200.000 долари.

Слично

Поврзани вести