Украинското обвинителство ќе отвори истрага за егзекуцијата на украинскиот војник
Украинскиот главен обвинител најави кривична истрага, откако по социјалните мрежи во понеделникот се појави видео од униформиран украински војник како стои и пуши цигара во близина на градот Бахмут. Војникот извикува „Слава на Украина“, пред руските војници да го убијат.
Јуроњуз посочува дека автентичноста на снимката треба допрва да се утврди, додека лицата кои го убиваат војникот-заробеник не се прикажани и нивниот идентитет треба допрва да се провери.
Сепак, украинските власти жестоко реагираа по објавената снимка. Претседателот Володимир Зеленски вети дека правдата ќе биде задоволена, а украинската војска го идентификуваше војникот на снимката како Тимофиј Шадура и објави дека тој исчезнал на 3 февруари годинава.
Најдобрите украински спортисти му оддадоа почит на убиениот украински војник во заробеништво. Тениската ѕвезда Елина Свитолина, фудбалерот што игра за клубот Челзи, Михаило Мудрик, и многу други спортисти со видео обраќања проговорија „Слава на хероите“, пишува Би-би-си.
