Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинското Министерство за одбрана тврди дека се убиени скоро 16.000 руски војници

Украинското Министерство за одбрана тврди дека се убиени скоро 16.000 руски војници

Украина тврди дека од почетокот на руската инвазија на нивната земја се убиени скоро 16.000 руски војници. Ова е според украинските проценки, иако овие бројки не може независно да се потврдат.

Според украинскиот Генералштаб, сепак, руските сили се соочуваат со големи проблеми со снабдувањето. Дополнително, неколку производители на оружје во Русија се принудени да го запрат производството делумно или целосно, затоа што западот воведе санкции за Москва. Руските сили извршиле над 1.800 воздушни напади во Украина од почетокот на руската инвазија пред еден месец.

Русија порачува дека раководството во Киев ја пропушти шансата да ја задржи земјата во своите граници. 

Војната ќе биде решена во наредните 15 дена, вели високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. 

Тој ги повика 27-те земји од ЕУ да продолжат со вооружувањето на украинската армија бидејќи „сè ќе биде решено во следните 15 дена“. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара помош за обнова на земјата. 

Слично

Поврзани вести