Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинско знаме повторно се вее во Луганск

Украинско знаме повторно се вее во Луганск
Украинските сили ја вратија контролата врз неколку клучни објекти во Луганск, градот кој досега беше целосно заземен од страна на проруските бунтовници. Украинското национално знаме од попладнево повторно се вее на зградата на полициската управа, објави официјален Киев, најавувајќи дека овој настан може да биде пресврт во обидот да се задуши бунтот на сепаратистите. Проруските бунтовници со сите сили се обидуваат да го засржат Луганск, бидејќи тој град е клучен за нивните врски со Русија. Според украински извори, токму преку Луганск бунтовниците се снабдуваат со опрема и оружје од соседна Русија. Луганск е под контрола на сепаратистите од почетокот на кризата во источна Украина и е средиште на најжестоките битки меѓу проруските и украинските сили. Токму во овој град проруските бунтовници утрово соборија украински воен авион МИГ-29.
Слично

Поврзани вести