УКРАИНСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО - Има најмалку 198 загинати од руската инвазија
Бројот на загинати досега во руската инвазија на Украина е најмалку 198, соопшти украинското Министерство за здравство.
Меѓу загинатите има и три деца. Нејзиниот шеф беше цитиран од новинската агенција Интерфакс дека 1.115 се повредени, меѓу кои 33 деца.
Ројтерс соопшти дека не е јасно дали тој мислел само на цивилни жртви
Борбите продолжија во Суми, во североисточна Украина и Киев во саботата наутро.
Територијалните одбранбени сили во Суми се ангажирани за справување со руската војска, според Ројтерс. Во главниот град на Украина се регистрирани силни експлозии.
Повеќе донации се ветени од други земји, при што Чешката Република одобри испраќање оружје од 8,6 милиони долари. Холандија соопшти дека ќе испорача уште 200 ракети за противвоздушна одбрана.
Извор: Гардијан