Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНСКИТЕ ЗНАМИЊА СЕ ВРАЌААТ ТАМУ КАДЕ ШТО ИМ Е МЕСТОТО: Зеленски тврди дека вратиле најмалку три населени места

УКРАИНСКИТЕ ЗНАМИЊА СЕ ВРАЌААТ ТАМУ КАДЕ ШТО ИМ Е МЕСТОТО: Зеленски тврди дека вратиле најмалку три населени места

Според украинските власти, контраофанзивата напредува. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека украинските сили зазеле две населени места на југот на земјата, и трета населба на исток и дополнителна територија на истокот на земјата. Зеленски вели дека украинските знамиња се врќаат таму каде им е местото. Претседателот им се заблагодари на своите сили за ослободувањето на населбите во источниот регион Доњецк, како и за заземањето области во источниот регион во правец Лисичанск-Сиверск и за ослободувањето на две јужни населби. Зеленски предупреди во редовното ноќно обраќање кон понеделникот на тешката претстојна зима и извести за успеси во противофанзивата против руските и сепаратистичките сили.

Украинската власт тврди дека ослободила село во областа Херсон.  Според информациите од Киев, украинските војски вчера го ослободиле селото Високопилија во Херсонската област, пишува Дпа.

Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Тимошенко, во неделата на Телеграм објави фотографија од кревањето на знамето.

Кон крајот на минатиот месец, Украина почна офанзива насочена кон ослободување на регионот Херсон. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

Во Херсон засега нема да има референдум за спојување со Русија, поради безбедносни причини. 

Слично

Поврзани вести