Украинските војници го напуштија аеродромот во Доњецк
Силите на Киев ја напуштиле спорната територија на аеродромот во Донецк соопшти денес министерството за одбрана на самопрогласената Народна Република Донецк.
Во соопштението на министерството било наведено дека украинските сили го „напуштиле Меѓународниот аеродром во Донецк“, пренесува агенцијата „Спутник“.
Во текот на вчерашниот ден претставник на самопрогласената НРД рекол дека украинските сили започнале со повлекување од аеродромот, што пак подоцна го негираше портпаролот на украинскиот Национален совет за безбедност и одбрана, Андреј Лисјенко, наведува агенцијата „Ројтерс“.
Заменик шефот на мисијата на ОБСЕ, Александар Хаг, предложил во средата воспоставување на локализиран режим за прекин на огнот во областите околу донецкиот аеродром.
Хаг рекол дека неопходно е да се отпочне со заеднички патроли на територијата каде ипонатаму се одвиваат тешки судири помеѓу проруските и киевските сили.
Слично
