Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинските власти тврдат дека се убиени над 17.000 руски војници

Украинските власти тврдат дека се убиени над 17.000 руски војници

Украина тврди дека од почетокот на инвазијата се убиени повеќе од 17.000 руски војници. 

Властите тврдат дека се убиени 17.200 војници и се уништени 1.710 оклопни возила. Од останата воена опрема што е уништена се наведуваат 127 авиони, 129 хеликоптери, 597 тенкови и 1.178 возила. НАТО проценува дека околу 15 илјади руски војници се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина. Овие информации не можат независно да се потврдат. Русија минатата недела објави дека загинале повеќе од 1.300 нејзини војници.

На 24 минатиот месец, Русија ја почна инвазијата на Украина. Војната влегува во вториот месец. Русија најави дека ќе намали со воените дејствија во околината на Киев и Чернихив. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести