Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинските власти предупредуваат: „На прагот сме на голема војна со десетици илјади жртви!“

Украинските власти предупредуваат: „На прагот сме на голема војна со десетици илјади жртви!“
Украина е соочена со голема војна со Русија, која ќе однесе десетици илјади животи, алармира украинскиот министер за одбрана Валериј Хелетеј. „Во нашата куќа дојде голема војна, војна каква што Европа не видела од Втората светска војна. Во таа војна загубите нема да се бројат со стотици, туку со илјадници, па дури и со десетици илјади загинати“, напиша Хелетеј на својот Фејсбук профил. Тој смета дека Украина мора итно да се организира за одбрана против Русија „која се обидува не само да ги заземе позициите на окупираната територија, туку и да покрене офанзива кон други украински подрачја“. НАТО денеска најави дека ќе го зајакне своето присуство во сите свои земји-членки во источна Европа така што во нив ќе распореди поголеми сили подготвени за брза реакција на секоја закана. Генералниот секретар Андерс Фог Расмусен вели дека жали заради фактот што Русија го смета НАТО за свој противник, а не за сојузник и додава дека Алијансата мора да се прилагодува на таквата ситуација. „Ние не можеме да си дозволиме наивност, не смееме да имаме илузии и мора да се соочиме со реалноста, а тоа е дека Русија денес нè смета за свој противник“, рече Расмусен, кој претстојниот НАТО самит во Велика Британија го нарече историски во тој контекст.
Слично

Поврзани вести