Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинските власти официјално побараа од НАТО и САД да им пратат авијација

Украинските власти официјално побараа од НАТО и САД да им пратат авијација

Украинските власти официјално побараа од САД и НАТО алијансата да им биде пратена авијација која ќе го бомбардира Донбас.

Властите во Украина истакнале дека таква помош треба да и биде пружена на Украина по истиот принцип како што помош им се пружа на ирачките Курди.

Тие истакнале дека на Киев му е неопходна помош во борбите против бунтовниците, а оваа информација ја објави агенцијата

UNIAN повикувајќи се на своите извори во дипломатијата на Полска.

Оваа информација е интересна, посебно бидејќи на одреден начин ја потврдува и информацијата дека цела украинска авијација е срушена.

Имено, на 17 август е срушен последниот, 35-ти по ред, авион на украинската авијација, а сите авиони кои се гледаат над украинското небо после 17 август се авиони кои НАТО членките и ги отстапува на Украина.

Игор Панарин, еден од водечките руски експерти за информационо војување и геополитичка анализа, тврди дека Украина веќе ги користи авионите на НАТО земјите.

Тој вели дека тие авиони најверојатно доаѓаат од Полска, Бугарија или Хрватска.

Слично

Поврзани вести