Украинските власти денеска и предадоа 73 воени заложници на ДНР
Украинскте провладини сили ги предале сите 73 воени заложници, според договорот помеѓу Киев и властите на Доњецката Народна Реупублика, соопшти денеска шефицата на Комитетот за размена на затвореници на ДНР, Дарија Морозова.
„Вратени ни се 73 затвореници“, рекла Морозова и дадала дека меѓу ослободените се наоѓа и Алексеј Рељке, некогашниот командант на групата Југоисточна армија.
Медиумите претходно објавија дека украинските безбедносни служби на местото на размената, околу 30 км од градот Доњецк, донеле само 69 затвореници.
Размената на затвореници следи после спогодбата за примирјето постигната во Минск на 5 смептември, каде Украина, Русија и претставници на ОБСЕ се договориле за размена на сите затвореници, од двете спротивставени страни во источниот регион, по принципот „сите за се“.
Киев денеска потврди дека, во текот на денот, двете страни треба да разменат вкупно 146 затвореници, бидејќи во петокот силите на ДНР предале 36 припадници од украинските сили. Во замена, украинските власти ослободиле 31 воен заложник.
