Украинските сили се повлекле од Соледар?
Според британското Министерство за одбрана, украинските сили веројатно деновиве се повлекле од Соледар. Украинската армија многу веројатно се повлекла од Соледар, тврдат британски разузнавачи.
До крајот на 16 јануари, украинските сили најверојатно се повлекле од регионот, оставајќи ја контролата над областа на руските сили, односно на групата Вагнер. Но, украинските сили можеби воспоставиле нови одбранбени линии на запад.
„Руското напредување кон Соледар се состоеше првенствено од силите на Вагнер и беше „операција за поддршка чија цел беше да се овозможи конечно заземање на поголемиот град Бахмут“, се вели во извештајот на британското Министерство за одбрана.
Институтот за војна објави дека Русија до 2024 може да биде многу поголема воена закана за соседите и НАТО.
Руските сили продолжија да ги фокусираат своите офанзивни напори врз Бахмут во источниот регион на Доњецк, објави денеска украинската армија. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека населбата Билохоривка во соседниот регион Луганск исто така била под интензивни напади во последните 24 часа.
