Украинските сили опколени во Доњецк, сепаратистите бараат да се предадат!
Украинскиот сепаратистички лидер Александар Захарченко објавил дека украинските трупи во близина на регионот на Доњецк се опкружени и им порачал да го предадат оружјето или ќе се соочат со смртта.
Како што цитира агенцијата РИА Новости украинските единици во регионот на Доњецк се опколени во близина на градот Дебаљцево, централното место во обновената екалација на судирите кои во Украина од април минатата година однесоа повеќе од 5100 животи.
Захарченко отворено порачал дека на украинските сили животите ќе им бидат поштедени ако го предадат вооружувањето.
Ова барање пристигна во очи очекувањето на новата рунда преговори помеѓу претставниците на сепаратистите, Украина, Русија и ОБСЕ кои треба да се одржат во Минск денеска.
Според последните информации не е сигурно дали после новонастаната состојба состанокот воопшто ќе се одржи.
Жестоките борби на артилерија и тешко вооружување траеле и цела ноќ и продолжиле и денеска соопштуваат денеска украинските сили.
„Украина изгубила пет војници и уште 23 лица се повредени во судирите во изминатите 24 часа“, соопштил воениот портпарол Вчадислав Селезнијев.
