Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинските разузнавачи велат дека Путин подготвува терористички напад на Чернобил

Украинските разузнавачи велат дека Путин подготвува терористички напад на Чернобил

Украина го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека подготвува терористички напад врз Чернобил. 

Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина објави дека Русија планира терористички напад врз Чернобил.

„Се планира предизвикување технолошка катастрофа, а окупаторите ќе ја префрлат одговорноста на Украина“, се вели во соопштението.

Чернобил е целосно исклучен од системите за мониторинг на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Руските трупите претходно, ги нападнаа нуклеарната централа Запорожје и Харковскиот институт за физика и технологија каде што има експериментален нуклеарен реактор. Пред 16 дена Русија ја почна инвазијата на Украина. 

Сега Украина обвинува дека Русија сака да ја вовлече и Белорусија во војната. 

Украинците велат дека следен за напад е главниот град Киев. 


foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести