Украинските новинари и политичари споделија фотографија од мајката и бебето кои загинаа во Одеса
Мајка и тримесечно бебе се меѓу загинатите во зградата која ја погодија руските проектили во украинскиот град Одеса.
Мирослава Петса, новинарка на Украинскиот сервис на Би-Би-Си, објави дека мајката се викала Валерија, а нејзиното новороденче Кира. Таткото на бебето сподели фотографија од мајката и ќерката, која потоа почнаа да ја споделуваат и новинарите и политичарите.
Осум лица загинаа во руски ракетен напад врз станбен блок во јужниот пристанишен град.
Зборувајќи за овој напад, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги нарече руските сили „копилиња“.
Слично
