„УКРАИНСКИТЕ ЦИВИЛИ СЕ СИЛУВАНИ, МАЧЕНИ И УБИВАНИ, ПУТИН ПАК ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО КИЕВ“-Кличко очекува русите пак да го нападнат главниот град
Градоначалникот
на Киев, Владимир Кличко во живо во студиото „Н1 Хрватска“ зборуваше за
ситуацијата во Украина. Тој првенствено зборуваше за ситуацијата во
пристанишниот град Мариупол и коментираше како изгледа животот во Киев речиси
два месеци по почетокот на руската инвазија.
„Во моментов ситуацијата во Мариупол е ужасна, цивили се уште се ранети, како и војници на украинската армија. Тие со недели се без струја, храна и вода“, рече Кличко, додавајќи дека неколку пати се обиделе да отворат хуманитарни коридори, но не успеале.
„Ако Русија не застане во Украина, ќе одат понатаму, бидејќи во својата пропаганда најавуваа дека Украина е само почеток. Каде и да се појавила руската војска имало геноцид врз украинското население. Велат дека Украина е историска грешка и дека ние немаме право да постоиме“, рече Кличко.
Тој нагласи дека „украинските цивили биле силувани, мачени и убивани и дека зад секое убиство, силување и тортура стојат луѓе со имиња и презимиња кои го направиле тоа“, рече Кличко.
Може ли Путин да биде осуден за воени злосторства?
„Пред инвазијата, лидерите на слободниот свет постојано и кажуваа на Русија дека ако го направи тоа, последиците ќе бидат силни. Војната трае веќе 57 дена, а последиците ги сноси украинскиот народ“, рече Кличко, додавајќи дека се надева дека правдата ќе дојде.
„Украина е нашиот дом, нашите семејства се таму. Сигурен сум дека секоја друга нација би го направила истото - не да се предаде, туку да се бори. Ние нема да клекнеме како робови, туку ќе живееме во европското семејство“.
Коментираше и за тоа дали ги мрази Русите за се што прават во Украина.
„Јас сум половина Русин. Мајка ми е Русинка, татко ми е Украинец. Јас сум Украинец. Не се работи за националност, туку за луѓе кои вршат злосторства во Украина, се работи за режимот на Путин кој го лаже сопствениот народ и го вовлекува во оваа бесмислена војна „Ако ние не успееме, и вие ќе пропаднете затоа што сите сме поврзани, Украина е во срцето на Европа“, рече Кличко, нагласувајќи дека на Украина и е потребна помош бидејќи во спротивно, последиците би биле погубни за сите.
Тој додаде дека не е доволна само финансиска и хуманитарна помош, туку дека на Украина и треба оружје бидејќи „не можат да се бранат со голи раце“. Кличко коментираше и како изгледа животот во главниот град Киев во моментов. Но, тој додава дека очекуваат Русите повторно да го таргетираат Киев.
„Очекуваме да се врати, затоа се подготвуваме за враќање на руската армија, правиме се што е можно за да се заштитиме.
