Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинските боречки делфини паднаа во рацете на Русија

Украинските боречки делфини паднаа во рацете на Русија
Украинските војници ветија дека некој ден ќе си ги вратат преземените од Русија бази во Крим, но едно нешто што  единицата  го загуби е неповратно, пишува Foreign Policy. Боречки делфини, кои се наоѓаат во делфинариум во Севастопол веќе ќе патролираат во отворени води под руско знаме,објави  РИА Новости. Пред некое време украинското воено министерство соопшти дека ќе ја прекине програмата во април, но Русите, во чие владение е веќе базата, соопштија дека делфините ќе продолжат да ги извршуваат своите стратешки задачи. "Експертите ни развија нови уреди со кои се трансформира природниот хидролокатор, сигнал на делфините во електронски импулс кој се отсликува на монитори во базата", објави еден од вработените на делфинариумот. Ова значи дека кога животното детектира даден објект, во базата ќе е јасна неговата местоположба. Делфините се користат од украинската армија уште од 60-тите, токму кога САД  стартуваа слична програма. За украинските делфини се знае малку, но САД ги користи вешто обучуваните животни за чување на воените пловни објекти од непријателски подводен напад, а многу често животните биле тренирани дури и да убиваат. Сепак до пред извесно време американската морнарица го негираше постоењето на  ваквата програма. На крајот на 80-тите САД користат делфини за да ги заштитат бродовите во Персискиот залив од нуркачки напади. Тогаш има документиран случај за делфинот со име Скипи, кој умрел од бактериска инфекција, додека ги извршувал своите должности. По Студената војна Украина и САД ги оставија зад себе недоразбирањата и идејата за воени делфини, а по распадот на Советскиот Сојуз, делфинариумот во Украина се преориентира кон цивилен развој. Делфините почнуваат да се користат за терапија на децата болни од аутизам и психички растројства. Украинскиот морнарица ја рестартира програмата во 2011 година, но подоцна решава да ја прекине. К.К.
Слично

Поврзани вести