Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинскиот разузнавач сега тврди дека друг ја убил Березовска, а него го притиснал да признае вина

Украинскиот разузнавач сега тврди дека друг ја убил  Березовска, а него го притиснал да признае вина

Украинскиот разузнавачки службеник Владислав Ројт, кој претходно призна дека ја убил Анастасија Березовска, жената осомничена дека го извршила бомбашкиот напад во Монако, го повлече своето признание и обвини друг за злосторството на почетокот на рочиштето во Киев, пренесува „Киев пост“.

Ројт, активен член на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, рече пред судот дека не ја убил Березовска, украинска државјанка која  властите на Монако ја бараа со потерница, во врска со експлозијата во која беа повредени украинскиот олигарх Вадим Јермолаев, неговата партнерка и нивниот син, а која подоцна во околината на Киев беше пронајдена мртва.

Тој тврди дека за време на истрагата лажно го признал убиството бидејќи другиот обвинет, поранешниот полицаец Виталиј Жиковиќ, го принудил да ја преземе одговорноста за злосторството, кое, како што тврди, всушност го извршил Жиковиќ.

Тој рекол дека неговиот познаник Жиковиќ го замолил да ѝ помогне да ја скрие Березовска, која штотуку се вратила во Украина, сè додека, како што му било кажано, не се решат проблемите со нејзините документи.

Меѓутоа, кога тројцата се сретнале, Жиковиќ, според тврдењата на Ројт, извадил пиштол и испукал четири куршуми во Березовска, објаснувајќи дека двајцата ќе бидат убиени ако таа остане жива.

Ројт изјави дека Жиковиќ потоа го пребарал телото на жртвата и одзел неколку предмети, вклучувајќи мобилни телефони, рачен часовник и патики, кои подоцна ги фрлил. После тоа, тврди тој, му наредил да ископа гроб во блиската шума.

Ројт вели дека послушал затоа што се плашел дека самиот ќе биде убиен.

Тој додаде дека Жиковиќ подоцна му наредил да ја преземе вината за убиството и му се заканил дека ако не го стори тоа, следните жртви ќе бидат неговите родители. Тој истакна дека е подготвен да соработува со истражителите и да се согласи на полиграфско испитување.

фото Фејсбук/Канцеларија на државниот обвинител на Украина

Слично

Поврзани вести