Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинскиот премиер Шмигал: Русија сака да ги смрзне Украинците и да направи бегалска криза

Украинскиот премиер Шмигал: Русија сака да ги смрзне Украинците и да направи бегалска криза

Украинскиот премиер Денис Шмихал во интервју за германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг предупреди на можна хуманитарна катастрофа во Украина.

Предводникот на украинската влада смета дека со руските напади врз енергетската инфраструктура се создаваат услови на нехуман третман на украинскиот народ без можност да се загрее за време на минусните температури што би предизвикало голем бран на бегалска и мигрантслка криза.

– Русија сака Украина да има таква зима во која многу луѓе буквално би можеле да замрзнат до смрт, изјави Шмихал за весникот и истакна дека поради руските напади и нивните последици Украинците би можеле масовно да побегнат во Европа.

Руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина, која според некои проценки изгуби 30 до 40 отсто од својот капацитет, може да доведат до „планирана хуманитарна катастрофа каква што Европа не видела од Втората светска војна“, нагласи Шмихал.



Слично

Поврзани вести