Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украински војник го запалил Куранот, Кадиров нуди пари за да го фатат или ликвидираат

Украински војник го запалил Куранот, Кадиров нуди пари за да го фатат или ликвидираат

Награда од 65.000 долари за ликвидација на украинскиот војник кој го сквернавеше Куранот. Ова го нуди чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. 

Тој нуди и 10 милиони ако му го донесат жив украинскиот војник кој ја сквернавел светата книга на муслиманите.

„Кога и да се случи тоа, денес, утре, една година од сега ќе ве чекаат парите“, напиша Кадиров на каналот Телеграм.

Претходно, објави видео со украински војници кои го палат Куранот. Лани, кога почна војната во Украина, имаше видеа со украински војник кој куршумите ги натопува во растопена свинска маст со порака дека Чеченците кои ќе загинат во неговата земја нема да одат во рајот. Украинското обвинителство терети повеќе Чеченци за извршени воени злосторства во Украина. 

Слично

Поврзани вести