УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ СЕ ЛЕКУВААТ ВО ПОЛСКА: Земјата може да помогне на најмалку 10.000 ранети
Полска е подготвена да лекува најмалку 10.000 ранети украински војници. Би ги примиле во нивните болници доколку е потребно.
Оваа помош ја најави полскиот премиер Матеуш Моравјецки кој го посети градот Лавов, во Украина. Тој кажа дека веќе примиле дел од војниците.
„Се надевам дека војната нема да има толку страшен исход, но подготвени сме да прифатиме најмалку 10.000 војници доколку е потребно“, изјави Моравјецки.
Тој кажа дека ќе им помогнат на војниците да си го вратат здравјето, и да си одат дома кај своите деца. Полска е земјата која прими над 2.7 милиони бегалци од Украина.
Повеќе од 2,75 милиони бегалци влегле во Полска од почетокот на војната, соопшти пред неколку дена полската гранична стража. Бројот на луѓе кои ја преминуваат границата со Полска значително се намали во последните неколку недели.
Денеска е 55-ти ден од почетокот на војната во Украина.
