Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ ОДБИЛЕ ДА И СЕ ПРЕДАДАТ НА РУСИЈА: Сите загинаа кај Змиски остров, постхумно ќе бидат одликувани (ВИДЕО)

УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ ОДБИЛЕ ДА И СЕ ПРЕДАДАТ НА РУСИЈА: Сите загинаа кај Змиски остров, постхумно ќе бидат одликувани (ВИДЕО)

Големи емоции во таа Украина предизвика приказната за 13 украински војници на Змискиот остров во Црното Море, кои одбиле да се предадат на руски воен брод. Тие останале да ја бранат својата позиција и сите загинале во руското бомбардирање.

Аудио снимката од последните зборови пред смртта на војникот стана вирална на Твитер, ТикТок и другите социјални медиуми, јавува Би-Би-Си.

Од рускиот брод им рекле на Украинците: „Ви предлагаме да го предадете оружјето и да капитулирате, во спротивно ќе отвориме оган врз вас“.

После тоа, може да се слушнат украинските војници како велат „тоа е тоа“, пред да одговорат со: „Руски воен броду, е**те се“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази пофалба за храброста на војниците, велејќи дека сите постхумно ќе го добијат Орден за воени херои.

„На нашиот Змиски остров, бранејќи го до последен час, херојски загинаа сите наши граничари. Тие не се предадоа“, рече Зеленски.

Сите постхумно ќе ја добијат титулата Херој на Украина, што е чест што им припаѓа на оние кои ги дадоа своите животи за Украина.







Слично

Поврзани вести