Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украински удар на руска територија - уништија воени авиони

Украински удар на руска територија - уништија воени авиони

Украинците гаѓаа цел на 220 километри од Санкт Петербург. 

Украински напад со беспилотно летало е извршен врз руска воздушна база во Солци, во близина на Новгород, и оштети 2 руски воени авиони, објави Би-Би-Си. Ова е еден од најдалечните удари со дрон на Украина досега. Новгород е многу далеку од границата на Украина. Воената база Солци-2 каде Би-Би-Си анализира дека горел бомбардерот, кој се чини дека е од типот Туполев Ту-22 со долг дострел се наоѓа na 220 километри јужно од Санкт Петербург.

„Сликите објавени на платформата за социјални медиуми Телеграм покажуваат како голем пожар го зафати авионот Ту-22 со карактеристичниот конусен нос“, се вели во написот.

Руското Министерство за одбрана објави во соопштение дека нападот од „беспилотно летало од типот коптер“ се случил околу 10 часот по московско време во саботата.

Руски воен авион уништи украински брод во област во Црното Море каде што се наоѓаат објекти за екстракција на руски гас, објави руското Министерство за одбрана. Министерството соопшти дека украинскиот брод го уништиле со авион СУ-30. 

Руската престолнина Москва често е мета на украински напади со дронови. Украина и натаму добива воена помош од западните земји, а Русија се заканува.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, денеска ги повика Европејците да „не си играат со авиони“. Тој ова го кажа по изјавата на германската министерка за надворешни работи Аналене Бербок, која ја нарече одлуката на Холандија и Данска за трансфер на Ф-16 борбени авиони за Украина „добар ден за Украина и Европа“. Медведев кажа дека еден од таквите „добри денови“ би можел да биде последен за Европа, пренесува „Ведомости“.

Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. 

фото: твитер/принтскрин

Слично

Поврзани вести