УКРАИНСКИ ТИМ ЗА ПОПРАВКА МОЖЕ ДА ПРИСТАПИ ДО ЧЕРНОБИЛ: Русија се согласи, помош понуди и Белорусија
Руското Министерство за одбрана во четвртокот соопшти дека
се согласило да му дозволи на украинскиот тим за поправка да пристапи до
далноводи во областа околу нуклеарната централа во Чернобил, објави новинската
агенција Интерфакс, не давајќи дополнителни детали.
Нуклеарното тело на ОН претходно соопшти дека по руската инвазија на Украина, комуникациите со Чернобил и друга нуклеарна централа во Запорожје биле прекинати и дека ситуацијата е загрижувачка.
Истовремено, Белорусија понуди да ја поврзе својата мрежа со централата во Чернобил, објави Energy Live News.
Максим Тимченко, извршниот директор на ДТЕК, една од најголемите украински енергетски компании, изјави дека дека е оштетен далноводот во сопственост и со кој управува преносниот систем-оператор Укренерго.
„Нашите колеги од Укренерго побараа пристап за да се санира штетата - овој пристап не беше одобрен. Во исто време, добивме вести дека Белорусија се понуди да помогне во ситуацијата и изјави дека ќе ја поврзат електраната на белоруската електрична мрежа. Од денеска, електраната користи дизел генератори, не знам дали има некаква закана и пред само еден час добивме вест дека Белорусите велат дека успеале да ја приклучат на енергетската мрежа. Сè уште не е потврдено, но мислам дека ќе биде во следните неколку часа“, изјави Тимченко.
ФОТО: EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT