Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украински разузнавач објасни како ќе го вратат Крим

Украински разузнавач објасни како ќе го вратат Крим

Украина со сила и дипломатија ќе го врати Крим до крајот на пролетта, вели шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана Кирил Буданов. 

Тој изјави дека Украина ќе го врати привремено окупираниот Крим со комбинирани средства.

„Нашите единици ќе одат таму со оружје во рака“, вели  за „Украинска правда“, Буданов. 

Тврди дека Украина ќе ги врати сите изгубени територии. Тој потсети дека Украина е земја признаена во границите од 1991 година, а оние кои не се согласуваат со тоа не се согласуваат со светскиот поредок кој постои од крајот на Втората светска војна и со новите основи на ОН. Тој вели дека Крим е бисерот на Украина и таму се потребни украински туристи. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека многу Украинци во моментов немаат пристап до електричната енергија, телекомуникациите и интернетот, но дека празничната атмосфера ќе ги поттикне Украинците да ја издржат руската инвазија. За потсетување, Русија ја нападна Украина на 24 февруари. 

Фото: USA TODAY Network / ddp USA / Profimedia

Слично

Поврзани вести