Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украински пратеник достави резолуција до парламентот за признавање на Косово

Украински пратеник достави резолуција до парламентот за признавање на Косово

Пратеникот на Украина, Олексеј Гончаренко, поднесе предлог-резолуција до Парламентот, со која се повикува земјата да ја признае независноста на Косово.

Својата иницијатива Гончаренко ја објави јавно на социјалната мрежа Твитер, пишувајќи дека се надева оти Украина што поскоро ќе ја признае независноста на Косово.

„До украинскиот парламент доставив резолуција за признавање на независноста на Косово. Украина ги споделува западните вредности и ќе ја поддржи демократијата насекаде во светот. Се надевам дека Украина ќе ја признае независноста на Косово што е можно поскоро“, напиша тој.


Слично

Поврзани вести