Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украински политичар обвини дека и Орбан има претензии кон нивна територија каде живеат Унгарци

Украински политичар обвини дека и Орбан има претензии кон нивна територија каде живеат Унгарци

Унгарскиот премиер Виктор Орбан знаеше за руската инвазија и веруваше дека може да добие дел од Украина, тврди секретарот на украинскиот Совет за безбедност и одбрана, Олексеј Данилов. 

Тој ова го изјави за време на вчерашно гостување во ТВ емисија. 

„Унгарија отворено ја покажува својата соработка со Руската федерација. Од некоја причина верувала дека може да добие дел од нашата територија. Тоа нема никогаш да се случи. Ќе ги видиме последиците за таа земја по војната“, рече  Данилов, пренесува „Украина тудеј“.

Унгарија набрзо ги демантира таквите медиумски написи. Портпаролот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан рече дека станува збор за лажни информации и негира дека Будимпешта планира да го анектира Закарпатие, регион во кој живеат околу 140.000 етнички Унгарци. 

Золтан Ковач на Твитер напиша дека Украина со ваквите обвинувања се осветува на Унгарија која одби да прати оружје, пишува „Еуроњуз“. Унгарската амбасада во Украина, исто така, реагираше на изјавите на Данилов и побара нивно повлекување.

Инаку, Украина го стави Орбан на листата на непријатели. {За војната, Папата Франциско изјави дека  Орбан му рекол кога се сретнале кон крајот на април дека рускиот претседател Владимир Путин планира да стави крај на инвазијата на Украина на 9 мај. 

Слично

Поврзани вести